Насловна / Вести / Денес „Бараме мерки за ноќните ѕверки“, за сите жртви на сообраќајните насилници

Денес „Бараме мерки за ноќните ѕверки“, за сите жртви на сообраќајните насилници

Сите што возат точак или пешачат низ Скопје се научени да бидат екстра внимателни, да внимаваат доволно и за себе, но и за возачите на авотомобили. Како што одминува денот, оваа будност станува поголема, а кулминацијата е во доцните ноќни часови кога возењето на автомобилите е агресивно и често фатално.

Токму заради овие причини, 87-мата Критична Маса која што ќе започне денес, 28 јули во 21 часот од плоштадот Македонија е именувана „Бараме мерки за ноќните ѕверки“ и е посветена на безбедноста во сообраќајот и на системските промени што треба да се направат за да се заштитат поранливите.

Преку возењето, НаТочак бара сериозни инфраструктурни интервенции на сообраќајниците во градот што ќе ја намалат брзината на автомобилите и ќе обезбедат патот за најранливите учесници да биде најбезбеден, а не обратно. Истовремено, тие  апелираат во полициските билтени, официјалните статистики, обвиненијата и медиумите да престанат да се употребуваат термините „сообраќајна несреќа“ и „незгода“ за случаи каде што има свесно несовесно возење. Во описот на Фејсбук настанот  има и детална листа на мерките што НаТочак очекува да се применат за да исполнат барањата.

тоц1_resize

Исто така, ќе се вози и за сите жртви на сообраќајните убиства во Скопје, а како дел од возењето е предвидено и поставување бел точак (ghost bike) во Скопје на пешачкиот премин на бул. Кочо Рацин каде што Билаљ Љамалари кој беше прегазен и кратко потоа го изгуби својот живот.

„Ова е трет ваков точак што ние заедно со скопските велосипедисти го поставуваме во Скопје, и се надеваме дека ќе биде последен. Редно време е институциите да се запрашаат дали можеле да го спречат ова убиство во сообраќајот, да преземат дел од одговорноста и да почнат да ги спроведуваат мерките што веќе со години ги бараме“, изјавија од НаТочак.

ВАЖНО за оние што сакаат да присуствуваат на поставувањето на белиот точак, а нема да возат Критична Маса, можат да се приклучат на пешачкиот на бул. Кочо Рацин кај Црвен Крст кај 21:20-21:30 часот. По барање на семејството се молат присутните да не носат цвеќе или запалени свеќи.

Испрати коментар

Scroll To Top