Насловна / Вести / Ден без автомобили во Скопје

Ден без автомобили во Скопје

Ако 364 дена патувате со автомобил, утре, петок на 21-ви септември е денот кога треба да почнете да ги менувате Вашите навики. Бидете пример, за Вашите пријатели, соседи, колеги, семејство и започнете со користење на велосипед.
Утре ќе се одржи велосипедско дефиле со многу забава, музика и подароци. Собирот почнува во 10 часот на Плоштад кај Порта Македонија и се вози со велосипеди до градски Парк на Школка.
Настанот е организиран од Град Скопје со подршка на Канцеларијата на Европската делегација, Министерството за животна средина и просторно планирање и ПРВ ДО ВРВ, во рамките на Европската недела на мобилност 2018 година под мотото MULTIMODALITY – MIX AND MOVE.

План на рутата за велосипедското дефиле:
– Ул.Димитрие Чуповски до бул. Кочо Рацин (се врти лево)
– бул. Кочо Рацин, бул. Крсте Мисирков (се врти лево),
– бул.Гоце Делчев се врти лево и се продолжува по бул.ВМРО (се врти десно),
– бул.Партизански одреди до бул.8ми Септември (се врти десно),
– бул.8ми Септември се врти десно по бул.Илинден
– Настанот ќе заврши со музички хепенинг

авто

Испрати коментар

Scroll To Top