Продолжува обновувањето на историската централа Battersea Power Station во Лондон, која е препознатлив симбол на албумот “Animals” на Пинк Флојд. За тоа сведочи сликата која ја објавија изведувачите за медиумите, каде се гледа процесот на расклопување на оџаците на објектот. На фотографијата е снимен впечатлив агол од висока точка на оџаците, со опфат кон реката Темза и урбаниот пејзаж во позадина.
Служејќи како иконични елементи во панорамата на градот, оџаците ќе се симнат за да се овозможи изградба на нови и стабилни структурни замени. По години на постоење и атмосферски влијанија, бетонските делови се оштетени и постојат во лоша состојба, со големи пукнатини и изложеност на челикот на надворешни влијанија, претставувајќи потенцијален безбедносен ризик за околината. Одлуката да се расклопат и да се заменат со нови структури е постигната со Договор помеѓу Англиското наследство и лондонската околија Wandsworth.
Главниот оперативец на изведбата Phil Gullet објавува: “Четирите иконични оџаци не само што се најкарактеристичните одлики на лондонскиот хоризонт, туку тие се и ДНК на овој објект. По неколку години истражување и извештаи потврдуваат дека ова е најдобрата стратегија. Сега сме во фаза на расклопување на оџаците и нивната обнова значи обезбедување добра иднина за следните генерации.”
Процесот на демонтирање започнува во горното ниво на секоја кула, со работна платформа која полека се движи надолу како што напредува процесот. Остатоците се транспортираат во централната инка, за повторна употреба или за зачувување за проектот културно наследство. Потоа, ќе се реконструира секој оџак, со постапка на ново зајакнување и бетонирање, изведени во деловите на 1.2 метри во висина, резултирајќи со структурно стабилни структури идентични на оригиналните.
Проектот за обнова вклучува опфатни 7 фази во процесот, со мешовити содржински програми меѓу кои станбени апартмани, кои ги проектираат познатите архитекти Френк Гери и Норман Фостер.