Насловна / Архитектура / Demas Nwoko добитник на Златен лав на Архитектонското биенале во Венеција 2023

Demas Nwoko добитник на Златен лав на Архитектонското биенале во Венеција 2023

Нигерискиот уметник, дизајнер и архитект Demas Nwoko е добитник на Златен лав за животно дело на 18-та меѓународна изложба за архитектура на Архитектонското биенале во Венеција 2023.

Одлуката ја одобри Управниот одбор на La Biennale со кој претседава Roberto Cicutto, по препорака на кустосот на 18-та меѓународна изложба за архитектура, Лесли Локо.

1

Церемонијата на доделувањето на наградата ќе се одржи како дел од инаугурацијата на 18-та изложба на 20 мај 2023 година во Ca’ Giustinian, седиштето на Биеналето во Венеција.

Demas Nwoko е уметник роден во Нигерија, дизајнер, архитект и градител кој бил на чело на движењето за модерна уметност во Нигерија. Преку своите дела, тој се стреми да вклучи модерни техники во архитектурата и сценскиот дизајн за да ја искаже африканската тема во повеќето свои дела.

2

Akenzua Cultural Centre, Benin City, 1972

Опишан како „уметник-дизајнер“, опусот на Nwoko опфаќа различни дисциплини, вклучувајќи архитектура, скулптура, дизајн, сценографија, критика и историја.

Според Локо, „Златниот лав за животно дело треба да се додели на некој чии материјални дела ги опфаќаат изминатите 70 години, но чие нематеријално наследство – пристап, идеи, етос – сè уште е во процес на оценување, разбирање и славење“.

Во 1960-тите бил член на клубот Mbari Club of Ibadan, одбор на нигериски и странски уметници во подем.

Студирал на Нигерискиот колеџ за уметност, наука и технологија во Зариа, каде што бил истакнат основач на уметничкото друштво Zaria Art Society. Оваа влијателна група уметници, популарно познати како „Бунтовниците на Зариа“, промовирала природна синтеза: концепт на уметност создаден од уметникот Uche Okeke, кој ја премостил нивната западна обука од колонијалните едукатори со фокус на африканските теми и наративи.

4

Demas Nwoko’s Private Villa, Idumuje Ugboko

Во 1961 година, Nwoko добил стипендија за Centre Français du Théâtre во Париз, каде што студирал театарска архитектура и дизајн на сцена. Потоа се вратил во Нигерија за да предава на новоформираната драмска школа на Универзитетот во Ибадан.

Nwoko продолжил да основа простори како што е Клубот на писатели и уметници Mbari, развивајќи нова уметност што ги спојува африканската и западната модернистичка естетика, форми и процеси за да го одрази духот на политичката независност.

Првата задача на Nwoko била да го изгради комплексот за Доминиканскиот институт во Ибадан во 1970 година, иако тој веќе ја започна својата архитектонска работа во бирото New Culture во Ибадан, кон крајот на 1960-тите.

3

The Dominican Institute and Chapel, Ibadan

Тој го основал New Culture Studios во Ибадан, кое во моментов се води како центар за обука за изведувачки уметности и центар за дизајн. Nwoko, исто така, го основал (сега непостоечкото) New Culture Magazine, во 1970-тите, публикација која ја документирала современата уметност и култура.

Лесли Локо за Nwoko ќе напише „Иако релативно малку, објектите на Nwoko во Нигерија исполнуваат две клучни улоги. Тие се претходници на одржливите, културолошки автентични форми на изразување кои водат сметка за ресурсите кои сега се шират низ африканскиот континент – и светот – и укажуваат на иднината, што не е неважно достигнување за некој чија работа сè уште е во голема мера непозната, дури и дома. Во 1977 година, пишувајќи за првата задача на Нвоко, да го изгради комплексот за Доминиканскиот институт во Ибадан, архитектонскиот критичар Noel Moffett напиша: ‘Тука, под тропското сонце, архитектурата и скулптурата се комбинираат на начин на кој можеби само Гауди, меѓу архитектите, успеа да го стори тоа убедливо’.

6

New Culture Studios, Oremeji

Ми претставува огромна гордост и задоволство да му доделам Златен лав за животно дело на Demas Nwoko, архитект на 20-от и 21-от век, и да ги охрабрам сите посетители на 18. Меѓународна изложба за архитектура да ја посетат малата, но совршено формирана и артикулирана поставка на неговата работа во Stirling Pavilion во Giardini, заедно со проектот Павилјон за книги на Лабораторијата на иднината“.

5

New Culture Studios, Oremeji

Испрати коментар

Scroll To Top