Насловна / Вести / Деловен простор инспириран од Калемегдан и зоолошката градина

Деловен простор инспириран од Калемегдан и зоолошката градина

Ѕидовите од тули се асоцијација на тврдината Калемегдан, имињата на просториите за состаноци се дадени според имињата на традиционалните кафани во населбата Дорчол, додека близината на зоолошката градина послужила како инспирација за илустрации.

1_resize

Поранешната зграда „Беко“ во центарот на Белград е реконструирана и претворена во канцелариски простор на Калемегдан Бизнис Центар. Компанијата ЦПА Глобал изнајмила во оваа зграда простор на два ката од 2.500 квадратни метри, кој било потребно да се уреди современо и по мерка на вработените, на начин да можат да работат, но и да се забават. Оваа задача му припаднала на архитектот Филип Рашковиќ, кој го потпишува проектот за внатрешно уредување и кој работел на дизајнот заедно со неговата колешка Миона Мијиќ.

3_resize 5_resize

Просторот е проектиран да обезбеди максимална флексибилност при извршување на секојдневните задачи и да внесе динамика во насоките на движење на вработените.

Зоната на отворен простор е организирана долж периметарот на катот со големи прозорски отвори (3 × 3 метри), кои овозможуваат доволна количина на природна светлина. Одделена е со долга лента на зеленило од централниот дел на просторот, кој е резервиран за простории за состаноци со капацитет од две до 22 лица, формирани како флексибилни стаклени кутии со различни површини.

6_resize

Покрај овие доминантни содржини, деловниот простор е збогатен и со салонски зони, play room, focus room, hub и phone booth.

Базата и дизајнот на проектот се претставени преку локацијата (Калемегдан, зоолошката градина, старото градско јадро, устието), а нејзините основни вредности се преку материјалите и боите кои се интегрирани во ентериерот на деловниот простор.

8_resize 13_resize

Старите конструктивни sидови од тули се задржани во внатрешноста, како асоцијација на тврдината Калемегдан и го симболизираат столбот на компанијата. Имињата на просториите за состаноци се доделени по имињата на традиционалните кафулиња и ресторани во населбата Дорчол. Близината на зоолошката градина му послужила на уметникот Братислав Миленковиќ како инспирација за илустрациите што ги изработил за овој проект. Цртежите ги направиле младите сликари Анка Весковиќ и Ѓорѓе Бекчиќ.

2_resize

12_resize

Со шемата на боите доминираат земјените тонови превземени од околината и внимателно комбинирани за да се создаде пријатен и инспиративен амбиент за работа (бојата на тулата на тврдината, бојата на зелениот појас на шумата …).

Целото богато опкружување непосредно е вовлечено во внатрешноста и така го трансформирало работниот простор во зона каде што линијата помеѓу работата и забава е замаглена.

9_resize 10_resize 11_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top