Сликата на славниот американски уметник Енди Ворхол „Шест автопортрети” е продадена за 30 милиони американски долари во средата на наддавање во Њујорк, организирана од аукциската куќа Sotheby’s.
Делото коешто се состои од шест автопортрети од славниот поп-арт уметник, настанато во 1986 година, една година пред неговата смрт, пред наддавањето беше проценето меѓу 25 и 35 милиони долари, а е продадено за 30,12 милиони.