Насловна / Вести / Делницата Демир Капија-Смоквица во рамки на предвидениот рок

Делницата Демир Капија-Смоквица во рамки на предвидениот рок

Од Mинистерството за транспорт и врски соопштуваат дека министерот Горан Сугарески остварил работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.
На средбата се разговарало за проектите што се реализираат во Република Македонија со поддршка на Европската Унија, со посебен акцент на проектот за изградба на автопатната делница Демир Капија-Смоквица на Коридор 10.
Министерот Сугарески го информирал амбасадорот Жбогар за прогресот на активностите за завршување на овој капитален проект, при што потенцираше дека изградбата ќе се движи во рамки на предвидените рокови. Исто така министерот информираше дека преку законски измени, олеснети се постапките за ставање на автопатот во функција.
На средбата се разговараше и за изградба на железницата на Коридор 8, проектот за реконструкција на 10-те железнички станици на Коридор 10 и Коридор 10 д како и изградбата на експресниот пат Градско-Дреново втора фаза која е финансирана со грант од Европската Унија.

смок

Испрати коментар

Scroll To Top