Во францускиот национален парк во близина на градот Sancy е поставена водна инсталација Bridal Veil, воздушеста и деликатна како невестински превез. Bridal Veil е креација на францускиот архитект Louis Sicard во рамките на годинешниот фестивал Horizons Arts Nature во градот Sancy. Проектот бил спроведен во согласност со принципот на аквадуктот – 40 метри низ шумата се протега дрвена структура низ која се спуштаат млазови вода.
Конструкцијата со вода ја снабдува водопадот Rossignolet, а тенки водени млазови формираат проѕирна завеса – исто како превез на невеста. Инсталацијата најубаво изгледа кога низ густите крошни продираат сончевите зраци и се одразуваат на површината на водата, создавајќи една убава игра со светлината на околните дрвја, а прошетката низ природата во тој момент претставува освежување и вистинско зен расположение за секој минувач.
Thanks for some other excellent article. The place else may anybody get that type of info in such an ideal way of writing? I’ve a presentation next week, and I am on the search for such info.