Институтот „Јунус Емре“ од денеска до 23 февруари организира изложба во чест на уметничката Бетул Бурназ под наслов „Вртење во празен простор“, која своето уметничко образование го стекнува во Турција, Дамаск и Виена. Таа има посебен осврт во техниките јаглен, ебру, акрил/маслo во боја, калиграфија и традиционални рачни изработки.
Денеска во Чифте амам во Стара чаршија ќе се организира свечено отворање на изложбата со почеток во 19 часот и истата ќе биде отворена до 23 февруари 2017 година за љубителите на уметноста.