Насловна / Вести / Дел од улица во Пржино пропадна во градежна јама

Дел од улица во Пржино пропадна во градежна јама

Потпорен ѕид се урнал рано изутрината на улицата „Пандо Кљашев“, населба Пржино во општина Кисела Вода. Дел од улицата е пропадната во јама ископана за темели на станбена зграда со висина три ката и поткровје. Инвеститор и изведувач на градежните работи е „Хантерс – Скопје“, со одобрение за градба УП. бр. 13-378 од 16.01.2018 година, со правосилност од 05.02.2018 година.

1
Граѓаните кои живеат во близина повеќе пати апелираа за нерагуларностите при изведбата до полицијата и градежната инспекција во Општина Кисела Вода, но тие останаа глуви на нивните апели.
ДУП-овите се направени за станбени згради кои се предвидени на места на индивидуални куќи на истата инфраструктура. Се поставува прашањето дали градежната јама била соодветно обезбедена.

2

Испрати коментар

Scroll To Top