Насловна / Вести / Дел од Осоговските Планини станаа заштитен предел

Дел од Осоговските Планини станаа заштитен предел

Владата на последната седница донесе неколку одлуки кои се од голема важност за актуелните процеси за заштита на природата во нашата држава.

Osogovo

Донесена е Одлука за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата. Вкупната површина на Заштитен предел – Осоговски Планини изнесува 48807.16 хектари, a ќе управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ со потполна одговорност – Скопје.

Studecnisko blato

На оваа Седница, Владата донесе и Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот Студенчишко блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природа и Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел, со што Министерството за животна средина и просторно планирање ќе може да ги почне постапките за прогласување согласно законските процедури.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, информира дека Владата го разгледала и прифатила апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридско Езеро за Рамсар место во Светската Рамсар Листа.

Со тоа, Министерство за надворешни работи во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање ќе може да ја почне постапката и да го достави апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридско Eзеро за Рамсар место во Светската Рамсар Листа до Секретаријатот на Рамсараска конвенција до крајот на оваа година. Со оваа одлука на Влада, нашата држава го добива третото Рамсар подрачје.

 

Испрати коментар

Scroll To Top