Насловна / Вести / Дел од аналитичарите сметаат дека Европа не е доволно посветена на енергетската транзиција

Дел од аналитичарите сметаат дека Европа не е доволно посветена на енергетската транзиција

Вложувањата во обновливи извори на енергија, во последните години експоненцијално пораснало, со оглед дека фосилните горива се повеќе се сметаат за ризично решение во борбата против климатските промени. Сепак, Европската Инвестициска Банка на 6ти февруари одобрила кредит од 1,5 милијарди евра за изградбата на Транс јадранскиот гасовод (ТАП). ТАП е всушност западниот дел на проектот „Јужен гасен коридор“, кој конечно би ги поврзал големите гасни резерви кај Каспиското море со Италија, преку Азербејџан, Турција, Грција и Албанија.

EIB-investment

Иако гасот генерира пониска емисија на стакленички гасови од јагленот, тој сепак е фосилно гориво. Со овој потег се испраќа погрешна порака на приватниот сектор, каде обновливата енергија веќе станува симбол за добра инвестиција. Цената на електричната енергија произведена од Сонце односно ветер, сега станува сериозен конкурент на пазарот. Меѓутоа, и натаму нема доволен број на инвестиции кои би ја поттикнале револуцијата во техниките потребни за совладување на климатските промени. Обновливите извори на енергија, веќе четврта година по ред добиваат 300 милијарди УСД, што и натаму е недоволно за да се почне со игнорирање на фосилните горива. Според тоа, јасно постои јаз помеѓу желбите и стварноста. За постигнување на значително зголемување на вложувањата во инфраструктура за обновливи извори, потребна е долгорочна и стабилна политика. Со финансирањето на ТАП, Европската Инвестициска банка, не му сигнализира баш најдобро на приватниот сектор, дека владите на државите членки се подготвени за енергетска транзиција.

TAP-Albania-EIB-gas

Покрај тоа, доколку ЕУ навистина биде доследна на своите ветувања, и успешно се префрли на „зелена“ енергија, што делумно и се случува, тогаш проект за било каков гасовод би претставувал ризик за јавните финансии. Студиите за климатските промени упатуваат дека е потребен поголем ангажман од страна на државите членки со цел да се исполнат договорените таргети за ниво на емисии на стакленички гасови. Значи во наредната деценија или две, голем број ефтини сончеви електрани и ветерни електрани, би можело да значат дека ТАП повеќе не би имал финансиска смисла.

DMQqB_qWAAI1FFg

Меѓутоа, заговорниците на ТАП и натаму ја нагласуваат економската корист за земјите како на пример Албанија, кои се прогнозираат дури до 2068 година, односно далеку зад рокот кога Европа мора во целост да ги напушти фосилните горива. Службениот став на Европската Унија е дека го поздравува природниот гас како почист премин на горивата помеѓу јагленот и обновливите извори на енергија. Oд друга страна пак, високите стапки на пропуштање на природен гас и потенцијалното лошо влијание  на метанот (примарна компонента на природниот гас) на климата, значи дека Јужниот гасен коридор би можел да има големо влијание врз климатските промени. Сепак, големите расположиви резерви на природен гас  веројатно ќе ја одложат примената на нови, револуционерни техники за користење на обновливи извори на енергија. Ова се накратко ставовите на аналитичарите кои застапуваат една или друга страна, интевјуирани од страна на The Conversation.

 

Испрати коментар

Scroll To Top