Насловна / Хортикултура / Декоративни треви за внесување на динамика во вашиот двор

Декоративни треви за внесување на динамика во вашиот двор

Без разлика дали планирате за првпат да го уредувате дворот или сакате само да обновите делови од него со цел да го освежите, употребата на декоративните треви може да претставува полн погодок за постигнување на саканиот ефект. Со своите бои и форми му даваат динамичен и разноврсен изглед на просторот. Комбинирањето на декоративните треви може да му даде природен изглед на вашиот пејзаж. Подобар ефект се постигнува со повисоките видови на треви во услови кога дува умерен ветер, со што се формираат т.н. бранови.

66

Декоративните треви најчесто се повеќегодишни растенија, кои немаат преголеми барања во поглед на одржувањето. Некои од нив доколку имаат поголем простор може да бидат инвазивни, па со тек на време може да пополнат голема површина, а доколку сте ограничени со просторот ќе треба повремено да го регулирате нивното ширење.

65

Повеќето видови имаат потреба да бидат засадени на сончева експозиција, но има и такви како Hakonechloa macra ‘Aureola’, видови од родот Carex и Lazula sylvatica кои се толерантни на сенка. Декоративните треви претставуваат брзорастечки растенија. Постојат видови кои својот максимален раст за една сезона може да го достигнат само за неколку недели.

16

Овие тревести растенија, зависно од видот може да се насадат во групации во форма на бордури (Carex testacea, Imperata cylindrica “red baron”) или како растителен покривач (Festuca mairei, Festuca glauca, Festuca scoparia, Carex brunnea, Carex pansa) и како солитери ( Cortaderia selloana. Miscanthus sinensis, Miscanthus zebrinus и др.).

За комплетно хортикултурно уредување на вашите дворови, градини, балкони, кровни тераси – дозволете да се погрижи професионалниот тим за хортикултурно уредување на Биро Проект.

Испрати коментар

Scroll To Top