Насловна / Вести / Декарбонизација на бетонот, за одржливо градежништво

Декарбонизација на бетонот, за одржливо градежништво

Бетонот е најкористениот ресурс на Земјата произведен од човекот. Неопходен материјал во градежништвото, доминантен елемент во креацијата на многу светски познати архитекти. Но, за климатските активисти, бетонот е еден од најнепожелните материјали, бидејќи процесот на производство на цемент учествува со 7% во вкупните глобални емисии на стакленички гасови. Токму затоа, ургентно е потребна декарбонизација на цементната индустрија, со цел да се одржи лимитот на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови. Имено, за производство на еден метрички тон цемент, се емитуваат околу 622 килограми јаглерод диоксид.

cement1

Идентификувани се два правци за производство на цемент со пониски емисии – првиот е да се декарбонизира производството на клинкер, а вториот е да се намали уделот на оваа суровина во производството на цемент. Но, засега, технологииите за да се постигне ова значајно поместување не се на нивото кое би обезбедило физибилно производство. Декарбонизацијата на клинкерот треба да се направи со користење на други извори на енергија наместо фосилните горива. Еден од начините вклучува плазма бренери кои користат енергија од обновливи извори. Исто така, можно е зафаќање и скалдирање на емитуваниот јаглерод диоксид, но тоа е скапа технологија. Намалување на користењето на клинкерот, односно негова замена со слични алтернативи е исто така можна опција. Вакви супституции за клинкерот веќе постојат и се користат како на пример летечката пепел од согорувањето на јаглен. Друга опција е згурата од металутргијата. И двете опции имаат двоен бенефот – намалување на јаглеродните емисии од производството на цемент и употреба на отпадот од една индустрија како ресурс во друга индустрија. Но, иронијата е во фактот дека „озеленувањето“ на металургијата и енергетската транзиција ќе ја скрати достапноста на овие ресурси како алтернатива за клинкерот. Сепак постои и друга алтернатива која е широко достапна во природата – калциумова глина, која доколку се применува во цементната индустрија би придонела за намалување на емисиите за 30-40%.

cement2

cement3

Како и да е, транспрентноста и соработката се клучни за декарбонизација на оваа индустрија долж вредносниот синџир. Ваквиот пристап има бројни предности. Прво, им помага на партнерите да ги разберат меѓусебните барања и да ги идентификуваат областите каде можат да работат заедно со цел да пронајдат решенија кои ќе поттикнат промени. Второ, доколку сите партнери во вредносниот синџир се обединат околу заедничката цел за декарбонизација, тоа ќе испрати силна порака и до производителите на цемент и до инвеститорите. Во секој случај, поставувањето на заеднички цели и фокусот кон пронаоѓање на најдобрите решенија прифатливи за сите засегнати страни е клучот за успешна и брза декарбонизација на цементната индустрија, а со тоа и на градежниот сектор на глобално ниво.

cement4

 

Испрати коментар

Scroll To Top