Рафинираниот имот во Далас, САД, кој е вистински одраз на „декаденција“, сега е достапен за купување во вредност од 100 милиони долари.
Овој имот му припаѓа на бизнисмeнoт и поранешен сопственик на „Тексас Ренџерс“, Том Хикс. Во 2013 година, имотот бил ставен на продажба по цена од 135 милиони долари, а сега е достапен по пониска цена, но која и натаму го прави најскапиот имот во Далас.
Имотот Том и Синди Хикс го купиле во 1997 година. Архитектонската основа на имотот е италијанска, иако сопствениците направиле реновирање во поголемиот дел од имотот, за да биде повеќе модерен и во тек со најновите трендови.
Се состои од околу 4.000 м2 климатизиран простор за живеење. Главната вила на имотот има четири ката, седум спални соби и девет бањи, и во нејзина близина е двокатна куќа за гости, како и одделно крило наменето за послугата.
Другите предности на оваа вила се комплексот за рекреација со домашно кино со 18 седишта, како и забавен простор со бар и простран базен. Исто така, тука е и професионално опремената кујна, која содржи вредни апарати од 65 илјади долари.
Постои и една винарска визба со 500 седишта, додека панелите во библиотеката се во типичен европски стил. Оваа вила, исто така, има една соба со спортски теми, чии ѕидови се украсени со потпишани дресови.
Овој имот се наоѓа во најубавиот дел од градот, каде има и други скапоцени вили. Поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш и неговата сопруга Лора, исто така, имаат вила во непосредна близина.