Архитектонското студио David Chipperfield Architects го објави конечниот проект за објектот Nobel Centеr во Стокхлом. По победата на меѓународниот конкурс за идејно решение во април оваа година, студиото се одлучи за преработка на одредени делови, со што сметаат дека објектот подобро се интегрира во околниот контекст и истовремено предизвикува интеракција помеѓу посетителите.
Основниот концепт на објектот е задржан, додека претходно планираните димензии се намалени со јасна дивизија на долен, среден и горен дел, со што се надоврзува на околните структури. Исто така, дополнително се додадени јавни простори, тераса на јужна страна и отворен плоштад.