Насловна / Арт и дизајн / Дејвид Бекам учествувал во дизајнот на персонализираниот Maserati MC20

Дејвид Бекам учествувал во дизајнот на персонализираниот Maserati MC20

Славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, стана амбасадор на брендот Maserati, а сега е објавено и дека учествувал во дизајнирањето на специјалниот модел инспириран од неговиот клуб Miami United. „Отсекогаш сум ги сакал автомобилите, така што моето учество во процесот на дизајнирањето и производството на мојот примерок на моделот M20 беше неверојатно искуство. Автомобилите се одраз на индивидуалниот вкус, без оглед дали се работи за самиот модел или за малите детали во ентериерот“, изјавил Бекам.

beckham2

beckham3

Maserati MC20 Fouriserie Edition е наменет за Бекам и е инспириран од неговиот фудбалски клуб Miami United. Заедно со стручњаците од Maserati, англичанецот го креирал автомобилот кој е инспириран од црната и розевата боја на спортската опрема на истоимениот клуб. Каросеријата има сјајна црна боја, а контрастот го сочинуваат логотипите на решетката од ладилникот  во мат црна боја, додека MC20 ознаката на вратите е во пастелно розева боја. Истиот концепт со боите продолжува и во енетериерот, каде се наоѓа кожа алкантра во црна боја и розев конец, додека наслоните за глава имаат тродимензионална розева гравура. Покрај логото на брендот додадено е Maserati Fluiriserie for David.

beckham-glavna

Испрати коментар

Scroll To Top