На Собранието на Комората но овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), одржано на 14.12.2021 година, градежниот инженер м-р Дејан Метикош е избран за потпретседател на КОАИ.
Дејан Метикош е директор за продажба на завод за проектирање во Градежен Институт Македонија (ГИМ) А.Д – Скопје, задолжен за истражување на домашниот и странскиот пазар, вршење на преговори со потенцијални инвеститори, селекција за настап на тендери, имплементација на продажните стратегии на ГИМ.
Во текот на својата 15 годишна професионална кариера во градежништвото, се занимавал со проектирање, надзор и ревизија на проекти од областа на патишта и железници.
Покомплексни проекти каде бил главен проектант или координатор на проект:
Докомплетирање на проектна документација за автопат Кичево-Охрид,
Основен проект за изградба на експресен пат А3, Делница : Штип – Кочани
Основен проект за изградба на наплатни станици:
Автопат А1: Демир Капија – Смоквица
Автопат А2: Кичево – Охрид
Автопат А4: Миладиновци – Св.Николе – Штип
Основни проекти за обиколница на Тирана по еврокод. (заедно со странски компании)
Основен проект за изградба на тунел на Road Arberi, Lot 3 во Р.Албанија.
Бројни основни проекти за сообраќајна инфраструктура за Технолошко-индустриските Развојни Зони. Како што се: ТИРЗ Скопје, ТИРЗ Струга, ТИРЗ Струмица, ТИРЗ Берово.