Се разбира, секогаш постои некој што ќе биде подготвен да плати половина милион долари за изнајмување на стан секој месец. Овој стан во Њујорк е нешто посебно. Тој зафаќа цел кат во њујоршкиот елитен Pierre хотел, и има совршен поглед на Централ Парк. Станот има 445 м2 простор, шест спални соби и шест бањи, вклучувајќи и Presidential apartman. Што се однесува до придобивките што ги содржи, овој стан има приватен лифт, батлер сервис и собарки, како и употреба на „Јагуар“ со приватен возач.
Лицето што го изнајмува овој стан во моментов дефинитивно има вишок на пари, но идентитетот не се открива на јавноста. Во прилог на ова изнајмување, мистериозниот закупец изнајмил и дополнителен апартман за гости, по цена од 150 илјади долари месечно.