Насловна / Архитектура / Театар Dee and Charles Wyly во Далас – врвна естетика и функционалност

Театар Dee and Charles Wyly во Далас – врвна естетика и функционалност

Објектот Dee and Charles Wyly Theatre во Далас се состои од три волумени, еден масивен горен волумен кој ги содржи административните функции, транспарентен кат за изведби (перформанси) и подземен лоби. Она што се добива е „театарска машина“, каде што се одржува програмата за поддршка на главната функција на театарот (сцената), но така е реконфигурирана што ја изолира или пак изложува сцената како процес на продолжување на околниот простор.

1-teatar-vo-dalas

Автори на овој исклучителен објект реализиран во 2009 година се познатите архитектонски студија REX и OMA.

Во рамките на катот за изведби (перформанси), фиксното гледалиште се заменува со отворен транспарентен простор кој станува бескрајно променлив и флексибилен. Јавен и приватен дијалог е создаден меѓу внатрешниот и надворешниот простор, каде настаните од двата простори служат за да влијаат еден врз друг.

Објектот не претставува таков јавен простор за спонтани собири, но објектот формира сцена, каде преку физичкото присуство и изведбата се вклучува и самиот град.

2-teatar-vo-dalas

Флексибилноста и визуелниот пристап создаваат можност за креативно и демократско толкување на урбаниот пристап и политиката. За разлика од „Тоталниот театар“ предложен од Гропиус, динамичноста на овој театар негува демократски а не „тоталитарни“ перформанси. Просторот носи демократски потенцијал со својата транспарентност, каде театарското искуство, иако на милост на директорот, е изложено и достапно за околината, со чиста тенденција да креира јавно а не затворено искуство.

3-teatar-vo-dalas

4-teatar-vo-dalas

5-teatar-vo-dalas

8-teatar-vo-dalas

7-teatar-vo-dalas

6-teatar-vo-dalas

Испрати коментар

Scroll To Top