Насловна / Архитектура / Деценискиот проект на Калатрава конечно ќе се реализира

Деценискиот проект на Калатрава конечно ќе се реализира

Првиот објект на архитектот Сантијаго Калатрава во Тајван, на кој работи повеќе од десет години, влезе во фаза на реализација, а се планира да биде готов во 2024 година.

Kalatrava

Секој нов проект на Калатрава секогаш фасцинира со некоја необична архитектура. Сепак, овој проект не е баш нов. Се работи повеќе од десет години, но на чекањето му дојде крај.

Комплексот Јуан Зет Артс во Тајван има необична форма во облик на шатор со распони кои зачудуваат. Целиот комплекс ќе биде опкружен со лотоси и зеленило, така што ќе стане урбан зен за уживање во уметноста.

Kalatrava1

Новото дело на Калатрава ќе послужи првенствено како место за организирање изложби и културни настани, со дополнителна содржина што ќе се организира во просториите во соседниот театар. Новиот атрактивен комплекс ќе се наоѓа недалеку од Универзитет во округот Таојанг, југозападно од Тајпеј, главниот град на Тајван, и се очекува да стане новиот визуелен репер на Тајван, се вели на веб-страницата на архитектот.

Kalatrava2

Презентираниот проект, кој се состои од три згради, ќе ја претставува портата на Универзитетот, истовремено нудејќи ново важно културно место во регионот. Performing Arts Building, сместена во централниот дел на локацијата, е дизајнирана така што нејзиниот карактер го дава покривната површина на заоблен облик, со што се оддава почит на традиционалната тајванска архитектура.

Во северниот дел на локацијата, ќе се наоѓа Orchestra Hall, која ќе може да ја прошири или намали површината на просторот колку што е потребно, со што ќе се создаде разноврсна внатрешност способна да ги задоволи акустичните барања на која било програма за изведување. Големата сала за прием ќе се наоѓа над просторот за изведба.

Kalatrava3

Третиот објект на локацијата, Theatre, е дизајниран така што системот за седишта е флексибилен, овозможувајќи изведување на разни видови на претстави. Покрај главната сала, зградата ќе содржи и сала за проби за хорот и симфонискиот оркестар.

Првата зграда на архитектот Сантијаго Калатрава во Тајван треба да биде готова до 2024 година. Секако, се предвидува близина на важни транспортни центри да му помогнат на објектот да поттикне понатамошен развој на областа.

Kalatrava4

Испрати коментар

Scroll To Top