Насловна / Вести / Деценија на Инстаграм – првата фотографија и што треба да знаете за апликацијата што го смени светот

Деценија на Инстаграм – првата фотографија и што треба да знаете за апликацијата што го смени светот

Апликацијата, која покори голем дел од социјалниот и медиумскиот простор и стана толку популарна што го обликуваше светот околу нас, од дизајн на кафулиња и музеи, преку аранжирање чинии и храна до тоа како се однесуваме и каде одиме, се појави без помпа на 6. октомври пред десет година на „App Store“.

5_resize

првата фотографија на Инстаграм

Сè започна со љбовта кон технологијата и фотографијата. Додека студирале на Стенфорд, Кевин Систром и Мајк Кригер го лансирале Инстаграм на 6 октомври 2010 година како едноставен начин за споделување фотографии.

Веројатно се прашувате која е првата фотографија која предизвика лавина од 50 милијарди, досега споделени? Тоа беше фотографија на златниот ретривер на Кевин (и стопалата на неговата девојка) покрај тако киоск во Мексико, објавена на 16. јули 2010 година.

Инстаграм веднаш постигнал голем успех. Во првите неколку часа од лансирањето, апликацијата ја презедоа 10.000 луѓе, а во текот на следната година десет милиони.

2_resize

Забележувајќи го успехот на ривалската мрежа, Фејсбук во 2012 година го купи и продолжи да го развива Инстаграм, кој денес може да се пофали со милијарда корисници и фактот дека е една од најпопуларните социјални мрежи во светот.

Достапноста на паметни телефони со одлични камери доведе до популаризација на културниот феномен селфи, а каде подобро да се закачи одошто на Инстаграм. Кликањето на предната камера на телефоните стана секојдневие.

4_resize

Селфито од Оскарите во 2014 година е едно од најсподелуваните во историјата

Најзначајната промена беше воведувањето на делот Stories, што им овозможува на луѓето да објавуваат привремени текстови и записи, кои исчезнуваат по 24 часа. Додадени се и бројни ефекти за промена на снимките. Интересно е што овие можности први ги воведе ривалот Снепечет.

Повеќе од две третини од корисниците се помлади од 34 години, поради што Инстаграм многу брзо го привлече вниманието на маркетинг индустријата, па со текот на времето, мрежата создаде потполно нова професија – инстаграмер. Поради фактот што базата се состои од млади луѓе, феноменот на инфлуенсери (луѓе од влијание), исто така, доби комплетно нова димензија со популаризацијата на оваа мрежа.

3_resize

Важен дел од успехот на Инстаграм е неговата способност да привлече познати луѓе кои, пак, привлекуваат голем број следбеници на мрежата. Кристијано Роналдо е неофицијален крал на Инстаграм (238 милиони следбеници), а во дворот се и Аријана Гранде (203), Двејн Џонсон (199), Кајли Џенер (196), Селена Гомез (194)…

Ако сте од оние кои уживаат во Инстаграм, нема сомнение дека оваа социјална мрежа за десет години постоење го смени начинот на кој комуницирате, споделувате со останатите лични приказни и доживувања.

Испрати коментар

Scroll To Top