Насловна / Архитектура / Децата се украс на светот

Децата се украс на светот

Малите деца, на кои им е наменет просторот, биле инспирација за филозофијата на проектот сфатен како „табула раса“. Авторите од грчкото проектантско биро AVW Аrchitecture внимателно се движеле внатре во системот „потребното и доволното“, пронаоѓајќи го минимумот во средствата и максимумот во имагинацијата.

4_resize

Кога државната предучилишна установа Villa Aimilia доби нова единица во атинското предградие Psihiko, се појави предизвикувачка задача да се редизајнира постојниот објект – школска институција од 70-тите години на минатиот век. Оваа предучилишна установа е основана уште во далечната 1963 година. Одлуката била од проектантите да се побара да ги разгледаат најновите тенденции во рамките на темата која ја наметнува намената на просторот, како и вокабуларот да биде строго современ. Сето тоа е отелотворено во три главни постулати: стилизираност и минимализирање на изразот, максимална хуманизација на амбиентот и воведување симболика на боите и формите.

1_resize

8_resize

Главниот концепт на проектот е ненаметливо, но ангажирано следење на развојот и растот на детето. Затоа, архитектурата во секоја смисла е прилагодена на светот на детето, а во преден план се рефлектира во обемот и големината на авторскиот потег. Артикулацијата на вокабуларот има далеку подлабоко значење, што отвора простор за универзални приспособливи решенија, а авторите до нив дошле со внимателно проучување на педагошката наука. Прилагодливоста на овие решенија се огледува во следењето на менталниот и кинетичкиот раст и во обезбедувањето основа за учење врз основа на активности и игра на улоги.

2_resize 3_resize

Истиот принцип се применува и во ентериерот. Наместо стереотипни премногу колоритни решенија, воведена е строга контрола и мерка. Мобилијарот е дел од тотал дизајнот на проектот и е направен да одговара на возрасните категории на децата. Отворите на прозорците се широки и пропуштаат многу дневна светлина од дворот. Боите се преземени од тесната палета на природата, тематски се избрани и се карактеризираат со јасна симболика и сугестивност. Покрај сето тоа, тие имаат и наративно значење, бидејќи го интегрираат и интерпретираат просторот и по вертикала и по хоризонтала.

5_resize

10_resize

14_resize

13_resize

Како што училиштето „расте“ со воведувањето на децата во основно училиште, така и консумацијата на боите се пренесува од физичкиот, преку менталниот, до емоционалниот развој. Villa Aimilia во Атина не само со боите, туку и со формите и целината на својата композиција ги слави новите тенденции на специфичната архитектонска тема: непретенциозноста на значењето, слободната игра, креативноста и имагинацијата.

11_resize 7_resize 15_resize 18_resize 17_resize 19_resize 20_resize

Испрати коментар

Scroll To Top