Насловна / Вести / Дебата за хортикултурното уредување во Скопје

Дебата за хортикултурното уредување во Скопје

hortikultura

Граѓаните ќе можат да ја коментираат состојбата со хортикултурното уредување во главниот град и да даваат свои предлози и идеи преку онлајн дебатата што ја овозможи Град Скопје преку проектот „Интелигентни алатки за креирање политики“ – ФУПОЛ.

Сите заинтересирани можат да учествуваат преку оставање коментари на интерактивната мапа на (https://fupol-6.cellent.at/fupol-client/editableOpinions/9909050?1). Ќе може да се учествува и со пополнување на прашалник достапен на https://fupol-6.cellent.at/fupol-client/questionnaires/9909450?2). Дополнително, сите коментари можат да бидат дадени на сите официјални профили на Град Скопје на социјалните мрежи.

– Сите предлози, идеи, коментари и критики значително ќе ја подобрат нашата работа во оваа област и затоа ги охрабруваме граѓаните што повеќе да се вклучат во оваа кампања, – соопшти денеска Град Скопје.

Проектот „Интелигентни алатки за креирање на политики“ е финансиран од Европската Унија, во рамки на Програмата ФП7, и има цел да овозможи целосно нов пристап кон водење на традиционалните политики. Преку иновативни методи користејќи ги социјалните мрежи и анкетни листови, проектот FUPOL треба да придонесе за подобрување на начинот на кој политичарите и администрацијата комуницираат со граѓаните.

Резултатот од проектот е развивање алатки базирани на информатички технологии, односно софтвер кој ќе овозможи нов начин на комуникација меѓу политичарите, граѓаните и бизнис секторот. Изработениот софтвер овозможува автоматско собирање, анализирање и толкување на изнесени мислења на граѓаните, а исто така и симулација на ефектите од донесување политики и закони, и можност да им асистира на властите во целиот процес на донесување одлуки.

Од Град Скопје најавуваат дека сите добиени коментари, мислења и ставови ќе бидат систематизирани и обработени со специјалниот софтвер и ќе бидат вклучени во процесот на креирањето политики.

 

Испрати коментар

Scroll To Top