Насловна / Вести / Дебата за фототоксичноста на синиот спектар на ЛЕД осветлувањето

Дебата за фототоксичноста на синиот спектар на ЛЕД осветлувањето

Откако  ЛЕД светилките направија сериозен пробив на пазарот како енергетски ефикасна алтернатива на жаречките, па и на CFL изведбите, науката отвара дебата за фототоксичноста на синиот спектар кои тие го емитуваат, а за кои велат дека ја оштетува ретината. Во извештајот спроведен во Франција, се тврди дека светилките кои се повеќе се користат во домовите ширум Европа, „се плеткаат“ и во нашиот биоритам и го нарушуваат квалитетот на сонот.

LED3

Француската агенција за безбедност на храна ANSES (L’Agence nationale de sécurité sanitaire de l’alimentation) јавува дека навистина постојат „фототоксични ефекти“ на ЛЕД светилките – долготрајната изложеност на високо интензивното сино светло од такви извори подоцна предизвикува дегенерација на жолтата дамка во окото, а тоа е водечка причина за губење и намалување на квалитетот на видот  кај лицата над 50 години.

LED1

Но, постојат и разлики помеѓу интензитетот и видот на ЛЕД светилките – т.н „топла бела“ која главно се користи во домаќинствата има пониска „фототоксичност“ од на пример џебните батерии, исклучително штетните автомобилски фарови, па и некои играчки кои содржат интензивни сини светла, односно т.н „ладни сини нијанси“.

Сепак, стручњаците се согласни дека се потребни повеќе истражувања на оваа тема, а секако се препорачува намалување на изложеноста на синото светло.

LED2

Испрати коментар

Scroll To Top