Насловна / Вести / Дебата на тема „Урбанистички планови – просторот како ресурс или роба за продавање“

Дебата на тема „Урбанистички планови – просторот како ресурс или роба за продавање“

Асоцијација на архитекти во Македонија во рамки на Саемот за градежништво 2016 ќе организира дебата на тема „Урбанистички планови – просторот како ресурс или роба за продавање“. Дебатата ќе се одржи во среда (2 март) во 12 часот, во „Дипломатик“ сала.
Урбанизацијата претставува одреден квалитет на општествени односи и начинот на живот. Скопје како најголема урбана целина во Македонија е неизбежна тема и тогаш кога станува збор за неадекватен развој на државата. Градот наместо да биде визија за развој претставува кочница.

Pokana_DEBATA_02.03_Saem (1)

ГУП-от е пропуштена шанса за градот, но и целата земја да има јасна визија за развиток. Со урбано планирање се повеќе наместо професионалци се бават групи од кругови на политичка и финансиска моќ. Затоа кратковидоста во планирањето е логична последица.
Згора на се` постои и Закон за легализација на бесправно изградени објекти.

Јасно е дека бесправната изградба е резултат на отсуство на урбана политика. Со легализација на хаосот само уште повеќе се потврдува дека квазиурбанизмот раѓа лоша архитектура.
Целта на „ААМ“ е да организира дебата меѓу колеги, бидејќи сметаме дека крајно време е како професионалци да разговараме отворено меѓусебе, понесеме одговорност и превземемe обврски, како би ја подобриле состојбата.aam

На сите ни е јасно дека грешките во урбанизмот се катастрофални по градовите и оштеството во целост.
„ААМ“ се обрати и со покана на колегите урбанисти кои ги изработуваат актуелните ДУП-ови, да учествуваат на дебатата.
Досега никој од споменатите не одговори на поканата.

Испрати коментар

Scroll To Top