Насловна / Вести / Дебата: Дали на Западен Балкан му се потребни термоцентралите?

Дебата: Дали на Западен Балкан му се потребни термоцентралите?

BALKAN MAGAZIN konferencija za termocentrali

Неодамна одржаната меѓународна конференција во Белград на тема „Енергетската иднина на Балканот“, беше актуелна по многу основи.

Првенствено, поводот за овој собир беа неодамна објавените резултати од истражувањето спроведено од страна на Health and Environment Alliance (HEAL) – „Колку сме болни заради електричните централи на јаглен во Западен Балкан?“. Според ова истражување, термокапацитетите на јаглен од Балканот највеќе ја „трујат“ Европа, а како последица на ова загадување здравствените системи годишно издвојуваат над 8 милијарди евра.

Termocentrala Kosovo B

Понатаму, процесите на реконструирање на електроенергетските компании во регионот се исто така особено актуелни, со сериозен акцент на обврските во поглед на модернизација на производните капацитети со цел исполнување на Директивата на ЕУ за емисиите во воздухот. Регионот сериозно заостанува по однос на ова прашање, а заговорниците за обновливи извори на енергија одат дотаму што дури и протежираат затворање на капацитетите на јаглен во краток рок доколку и понатаму ништо не се превзема во врска со ограничувањето на штетните емисии. Но, исполнувањето на еколошките критериуми од друга страна бара сериозни инвестиции, во кои производителите на енергија во регионот тешко може да влезат со оглед на нивното кревко одржување на ликвидноста.

Termocentrala Ugljevik bosna

Каде се наоѓаат енергетските системи на Балканот во однос на глобалните текови? Дали е можна проекција на движењето на цените на енергентите во денешните глобални превирања, и што се превзема во однос на зајакнување на енергетската сигурност? Ова се само дел од прашањата на кои дискутираа енергетските стручњаци од регионот на конференцијата организирана од страна на  Интернет порталот Balkanmagazin – www.balkanmagazin.net и Business and Economy Center, под институционално покровителство на Министерството за рударство и енергетика на Србија и ЕПС, а спонзорирано од ревизорската куќа Deloitte.

 

Испрати коментар

Scroll To Top