Насловна / Архитектура / David Chipperfield проектираат проширување на археолошкиот музеј во Атина

David Chipperfield проектираат проширување на археолошкиот музеј во Атина

На неокласичниот Национален археолошки музеј во Атина, ќе се додаде проширување од набиена земја како дел од реновирањето, по проект на бирото David Chipperfield Architects Berlin.

Музејот ќе биде проширен со 20.000 квадратни метри простор, како и со зелен парк на кровот наменет за јавноста.

2

Изграден помеѓу 1866 и 1874 година, Националниот археолошки музеј е проектиран од архитектите Лудвиг Ланге и Ернст Зилер за да биде дом на праисториски и антички уметнички дела.

Неговото преуредување од страна на David Chipperfield Architects има за цел да ја надополни оригиналната неокласична архитектура и истовремено да ја доближи до современите стандарди.

4

„Преку реновирањето и проширувањто, Националниот археолошки музеј во Атина ќе биде модернизиран за да ги исполни денешните стандарди за квалитет, отвореност и одржливост“, велат од бирото.

1

„David Chipperfield Architects Berlin се потпира на суштината на оригиналниот проект на Ланге – романтична хеленска идеја за урбан пејзаж, артикулиран низ бујните отворени површини внатре во густата градска мрежа – земајќи ја монументалната зграда како почетна точка и врамувајќи ја со природата“.

Откако ќе биде завршен проектот, музејот ќе се продолжи до соседната улица, со низа блокови кои имаат ѕидови од набиена земја.

3

Ова ќе го доведе главниот влез на музејот напред на нивото на улицата и ќе им понуди на минувачите погледи внатре, што ќе помогне повторно да се воспостави неговата врска со градот.

Проширувањето е проектирано со „архитектонски јазик на чисти и јасни волумени“ што ќе избегне одвлекување на вниманието од оригиналната зграда, додека ѕидовите од набиена земја се наменети да создадат чувство дека се наоѓате во земјата, рефлектирајќи ја природата на археолошките прикази.

6

„Почитувајќи ја историската вредност на објектот, проширувањето не се стреми да се натпреварува со постоечката архитектура, туку формира хармоничен ансамбл на простори, наоѓајќи баланс помеѓу старото и новото“, велат архитектите.

Се очекува проширувањето да обезбеди приближно 20.000 квадратни метри дополнителен простор за музејот, како и јавен парк на кровот кој ќе биде густо засаден.

03

Белгиските пејзажни архитекти Wirtz International го развиваат проектот на пејзажот, кој ќе се фокусира на текстурата и ќе вклучува големи дрвја.

Внатре, проширувањето ќе содржи постојани и привремени галерии, како и јавни содржини, вклучувајќи билетарница, продавници, ресторан и аудиториум.

Старите и новите елементи на музејот ќе бидат поврзани со новите изложбени простори, како и со пространиот нов внатрешен двор.

7

5 01 02

Испрати коментар

Scroll To Top