Од оваа зима, во 21-виот виенски округ, поточно во болницата во овој округ, се испорачува топлина за греење од дата центарот во близината, поточно од отпадната енергија која се генерира од работењето на неговата опрема. Станува збор за американската компанија Digital Reality, која заедно со компанијата за енергија на Град Виена, Wien Energie, развиле во Европа единствен засега концепт. Во истата болница пред година и пол, вградени се топлински пумпи кои се поврзани со системот за ладење на дата центарот. Отпадната топлина од дата центарот може да покрие 50 до 70% од потребите на болницата за греење.
Wien Energie планира градскиот систем за греење до 2040 година во целост да се потпира на климатски неутрални извори. Во остварувањето на оваа цел, компанијата ќе се потпре на геотермалните извори, големите топлински пумпи, како и користењето на постоечката отпадна топлина како во примерот на споменатата болница.