Архитектонското студио PR е задожено за обнова на Дарвиновите мостови лоцирани на островот Нунс, кој е дел од градот Монтреал во Канада. За изградбата на новите мостови е следена нивната оригинална конструкција и истите се изградени со употреба на рециклирачки и одржливи материјали, односно локално рециклирано стакло (со потекло од Квебек).
Во 1960-тите, урбанизацијата на островот првично беше инспирирана од новите станбени предградија кои се појавија во Соединетите Држави. Како резултат на тоа, субурбаните населбите беа поврзани со патишта исклучиво за моторни возила. Но, покрај овие издржливи рути има и бројни пешачки патеки, кои се одвоени од патиштата и ги поврзуваат станбените области со локалните паркови ( како што е паркот Западен Ванкувер).
Новите Дарвинови мостови дизајнирани од архитектонското студио PR го сменија фокусот првично ставен на мобилноста, во место за коциркулација помеѓу автомобилите, пешаците и велосипедистите. Проектот се обиде да изгради решение што ќе го подобри архитектонскиот јазик и ќе биде во согласност со стандардите за безбедност и удобност.
Од перспектива на пешаците, се создава пријателски простор во кој се појавува градина конектор во внатрешноста помеѓу двата коловози. Проектот е усогласен и со визијата на Монтреал да ја забрза еколошката транзиција на градот и да се етаблира како северноамерикански модел на одржлива мобилност.
Со замена на старите инфраструктурни решенија, мостовите на Дарвин сега им овозможуваат на пешаците и велосипедистите безбедно да ги поминат четирите сообраќајни ленти на булеварот и да влезат во Паркот на Западен Ванкувер. Заоблениот кофраж и новите архитектонски обрасци беспрекорно се вклопуваат во иконичната поставка на контекстот кои го формираат реката Свети Лоренс и објектот Коро, проект на Ван дер Рое во 1967 година.
Сензитивна урбана интеграција
Со оглед на силните архитектонски струи во околината, Дарвиновите мостови се резултат на хармонично интегрирани пропорциите и материјалите. Заоблен парапет во форма на лак создава безбеден простор на повеќе од 4 метри од сообраќајните ленти, што резултира со леснотија при движење во должина од 37 метри.
Во реконструкцијата на Дарвиновите мостови се користи рециклирано стакло од локално потекло, со што стана првиот во светот кој користи стаклен бетон во прав, нов материјал кој вклучува фино мелено рециклирано стакло. Овој тип на бетон, познат и како мелено стакло (GGP), заменува 10% од тројното врзивно средство кое е потребно. Со користење на GGP, се се употреби вкупно скоро 40.000 кг рециклирано стакло – што е еквивалент на 70.000 шишиња вино. Составен од GGP, животниот век на мостовите на Дарвин ќе се движи над 125 години, во споредба со 75те години за конвенционална бетонска конструкција.
Помеѓу двете ленти на мостовите, централната лента се отвора и продлабочува, која потоа се спушта надолу кон велосипедската патека. Помеѓу мостовите се поставени бетонски потпорни ѕидови за да се создадат нивоа со вегетација. Партерното уредување со дрвја, грмушки и автохтони растенија, ја збогатува структуралноста на мостот и промовира биолошка разновидност, создавајќи мека и колоритна атмосфера. Патеката е осветлена ноќе со долготрајно LED осветлување, за да го поттикне движењето и чувството на безбедност на пешаците и велосипедистите.