The Danubiana Meulensteen Art Museum еден од најромантичните музеи на модерната уметност во Европа, се наоѓа на 20 километри јужно од Братислава, главниот град на Република Словачка. Основан е од Gerard Meulensteen од Ајндховен, холандски колекционер и покровител на уметноста и Vincent Polakovič, словачки галерист.
Од 2000 година кога е отворен музејот, одржани се десетици изложби на најпрестижните личности на словачката, европската и глобалната уметничка сцена, како Joan Miró, Sam Francis, Karel Appel, Magdalena Abakanowicz, Lucebert, Walasse Ting, Antoni Clavé, Martín Chirino, Markus Prachensky, Ilona Kesserü Ilona, Jozef Jankovič, Rudolf Sikora, Vladimír Kompánek, Miroslav Cipár, Vladimír Popovič и други.
Единствената локација на Danubiana на границите на Словачка, Унгарија и Австрија, и нејзината хармонична комбинација на музејска архитектура и околниот пејзаж на реката Дунав, им нудат на посетителите уникатни погледи на уметничките дела, како и на флората и фауната кои се менуваат со годишните времиња.
Пред многу години, галеристот Vincent Polakovič, му ја претставил на архитектот Peter Žalman идејата да се проектира музеј во облик на брод (римска галија со дрвени весла). И како и другите кои биле консултирани во врска со обликот и опкружувањето со браната Danube/Čuňovo архитектот ја прифатил идејата.
Полуостровот, кој изгледал како да го оставиле пзади себе градителите на браната, како да молел да се искористи за оваа намена во 1998 година. Кога Via Danubia го добила во долгорочен закуп во 1999 година, Gerard Meulensteen одлучил таму да го изгради музејот.
Од 2000 до 2013 година изложбите биле поставувани на просторите проектирани и изградени за оваа намена. Меѓутоа, бидејќи пошироката публика очекувала разновидни изложби (се менувале на квартално ниво), основачите на музејот одлучиле да ја прошират зградата со цел да создадат простор за постојаната збирка на Danubiana.
Во 2008 година, Gerard Meulensteen организирал меѓународен симпозиум на млади архитекти од Словачка и Холандија што довело до конкурс за идната доградбата на музејот. Проектот на архитектот Ján Kukuľa, кој се вратил во Словачка по престојот во Ирска, бил избран како првонаграден и тој бил назначен за главен архитект.
Како најдобро решение бил прифатен неговиот концепт, во кој новите простори се линеарно распоредени долж брегот на реката Дунав со зачувување на пропорциите и доминантниот карактер на оригиналната музејска структура.
Кога Gerard Meulensteen одлучил да го донира музејот на Словачка, словачката влада обезбедила сретства за проширување на музејот. Изградбата започнала во пролетта 2013 година, а завршена е во септември 2014 година. Истата година, меѓународна комисија го избрала за „Градба на годината за 2014“ во Република Словачка.
The Danubiana стана знаменитост во Братислава, а неговото поставување на полуостров што се влева во широката и величествена река Дунав е резултат на професионалниот пристап на сите кои биле инволвирани во неговото создавање.