Данскиот гигант во изградбата на офшор ветерни паркови Ørsted, побара од своите добавувачи најдоцна до 2025 година да користат исклучиво електрична енергија од обновливи извори, во согласност со целта ан компанијата да го декарбонизира своите синџири на снабдување. Ørsted соопшти дека со тоа станала прва енергетска компанија во светот која го направила тој чекор. Својата програма за декарбонизација на синџирите на снабдување Ørsted ја стартувал во 2020 година, кога побарал од своите главни добавувачи (на кои оди 60% од трошоците на оваа компанија) целосно да преминат на електрична енергија од обновливи извори најдоцна до 2025 година. Тоа се однесувало на добавувачи кои испорачуваат ветерни турбини, фундаменти, кабли, трафостаници и други компоненти за ветерни паркови на вода. Ørsted сега ја проширува својата програма за декарбонизација и соопшти дека очекува од сите свои добавувачи од 2025 година да користат само електрична енергија од обновливи извори. Две години после стартувањето на програмата, мнозинството главни добавувачи веќе 100% минале на „зелена“ енергија, додека 15% се обврзале тоа да се направи до 2025 година. Компанијата исто така е на добар пат да ја оствари целта да стане климатски неутрална до 2025 година.
Данската компанија развива и гради ветерни паркови на вода и копно и управува со нив. Покрај тоа развива и инсталира и соларни електрани, капацитети за складирање на енергија, постројки за производство на „зелен“ водород и зелени горива и таа на биомаса. Во сегментот офшор ветерни електрани, Ørsted е светски лидер, со капацитети во Данска, Велика Британија, Германија, Холандија, САД и Тајван. Притоа, има зацртана цел до 2030 година вкупниот капацитет на ветерни електрани на вода во своето портфолио да достигне 30 GW.