Насловна / Вести / Дански универзитет ја усовршува изработката на соларни панели во боја

Дански универзитет ја усовршува изработката на соларни панели во боја

Данскиот Технички Универзитет (DTU), Данскиот технолошки институт и неколку компании, се здружени во новиот истражувачки проект за тестирање и усовршување на нови видови соларни панели, кои покрај другите карактеристики ќе можат и да се обојат, односно да се прилагодат на карактеристиките на секоја зграда. Целта е панелите да се обојат, но без нарушување на нивните енергетски перформанси.

Многу различни методи на боење на соларните ќелии веќе се тестирани – и во Данска и во други земји. Но, проблемот е во тоа што боењето го намалува капацитетот на соларните ќелии.  Компанијата  Danish Solar Energy Ltd. веќе развила нова метода за производство на обоени соларни панели. Методата подразбира поставување соларни панели зад посебен проѕирен филм кој ги покрива, но незначително влијае врз нивните перформански.

Целта на овој проект е постоечката метода да се усоврши. Различните проектни решенија се тестираат во новата лабораторија за соларни ќелии изградена во кампусот DTU Risø. Се очекува новите обоени панели да бидат подготвени за комерцијална употреба до 2020 година.

coloredsolar2

coloredsolar1

Испрати коментар

Scroll To Top