Насловна / Арт и дизајн / Дански уметник кој достави празни рамки како уметничко дело, мора да ги врати парите

Дански уметник кој достави празни рамки како уметничко дело, мора да ги врати парите

Празните рамки не се уметност – судот му наложи на концептуалниот уметник да ги врати парите што ги добил за инсталациите.

Данскиот уметник кој позајмил голема сума од музејот во Алборг за две дела, а потоа празните рамки ги претставил како уметнички дела, според налог на судот ќе мора да ги врати парите. Ќе може да го задржи договорениот хонорар за изработка на делото.

d

Јенс Ханинг, концептуален уметник чија работа се фокусира на моќта и нееднаквоста, во 2021 година добил нарачка од Музејот на модерна уметност Кунстен во Алборг, северна Данска. Задачата била да реконструира две претходни дела со десетици банкноти кои претставувале просечни приходи.

Делото на Ханинг од 2007 година, наречено „Просечен дански годишен приход“, прикажува банкноти од дански круни прикачени на платно, додека друго дело од 2011 година, за австриски приходи, се состои од банкноти во евра.

d6

Музејот обезбедил околу 532.000 круни, што е околу 71.500 евра, од своите резерви за повторно изработување на споменатите уметнички дела, како и хонорар за уметникот од околу 40.000 круни, што е дополнителни 5.300 евра.

Меѓутоа, кога вработените во музејот ги отпакувале новодоставените дела, пронашле две празни рамки насловени: Земете ги парите и бегајте.

Музејот ги изложил новите уметнички дела, но кога Ханинг одбил да ги врати позајмените пари, против него е преземена правна постапка.

d3

Судот во Копенхаген на 18 септември му наложил на уметникот да ги врати позајмените пари, но нагласено е дека на авторот треба да му се исплати хонорарот.

„Ние не сме богат музеј. Мораме внимателно да размислиме како ги трошиме нашите средства и да не трошиме повеќе отколку што можеме да си дозволиме“, изјави за Гардијан Ласе Андерсон, директор на Музејот Кунстен.

Ханинг се бранел со зборовите: „Работата, односно делото е тоа што им ги земав нивните пари. Тоа не е кражба. Тоа е прекршување на договорот, а прекршувањето на договорот е дел од делото“.

d4

Испрати коментар

Scroll To Top