Данското архитектонско биро Lykke + Nielsen стои зад овие модуларни летни викендички. Куќите се многу едноставни и може да бидат готови во рок од шест месеци од моментот на нарачување.
Нивниот изглед може да се конфигурира во зависност од желбите и потребите на клиентот. Може да има сè како куќите изградени со користење на традиционалните методи: спална соба, кујна, бања, дневна соба.