Насловна / Архитектура / Дански архитекти градат пловечки населби за сместување на студенти

Дански архитекти градат пловечки населби за сместување на студенти

Компанијата  Urban Rigger во Копенхаген, гради објекти на вода кои претставуваат одржлив и ефтин начин на студентско сместување. Објектите се градат од транспортни контејнери и се монтираат во градските канали.

Се работи за сосема нов концепт на заедничко живеење на вода за 12 луѓе. Идејата е да се искористи водената површина околу урбаните предели во градовите каде има огромна концентрација на студенти. Имено, во Европа и САД владее голема побарувачка за сместување на студенти, а тоа е особено изразено во градовите кои се големи универзитетски центри.

Еден објект на оваа компанија веќе е целосно оперативен и се наоѓа во пристаништето во Копенхаген. Студентите веќе се вселени и се задоволни. Целта на компанијата Urban Rigger е да креира уникатно место за сместување на студентите.

UR1

UR3

UR5

UR7

Испрати коментар

Scroll To Top