Денеска речиси 25 отсто од енергетски потреби, Данска ги обезбедува од обновливи извори, а целта на Данците е таа бројка до 2020 година да ја зголемат до 35 отсто. Планот е до 2050 година Данска да има енергетска сигурност без фосилни горива, а Копенхаген веќе 2025 година да стане CO2 „неутрален град“.
Кога е во прашање греењето, Данска наголемо се потпира на чист и ефикасен систем на централно греење, базиран на спалување на градскиот смет. Во Копенхаген повеќе од 98 отсто од населението се поврзани на системот за далечинско греење.