Данска сака до 2020 година да го претвори своето земјоделство во 100% органско. Државата дава субвенции за претворање на земјиштето во органско, а ја стимулира и побарувачката на органски производи. Само во 2015 година Данска вложила над 53 милиони евра за оваа цел, односно да биде првата држава во светот со 100% органско земјоделство. За многумина, оваа земја треба да биде пример, бидејќи има извонредни резултати во производството на органска храна – нивниот национален органски бренд слави 25ти роденден, 97% од граѓаните го разбира неговото значење, а извозот на данските органски производи од 2007 година бележи пораст од 200%.
Тамошната влада донела Акциски органски план, во кој низ 67 точки опишани се сите потребни активности кои ќе овозможат до 2020 година целата држава да произведува исклучиво органска храна. Сетот мерки, предвидува субвенции за земјоделците, стимулирање на потрошувачите, како и вложувања во нови идеи и технологии.
Иницијативата ја предводи Министерството за храна, земјоделство и рибарство, но учествуваат и регионите и градовите како и сите државни институции. Еден од првите чекори е храната во јавните установи, како училишта и болници, да биде 60% органска, а на истиот начин на исхрана преминува и данската војска
Министерството за заштита на животната средина се залага за многу подрачја во подрачја за органска храна, додека Министерството за образование подготвува реформа преку која во училиштата ќе се учи за значењето на еколошкото земјоделство и нутриционизмот, а ќе има и практичен дел за органско одгледување на културите.