Данска е првопласирана земја во конкуренција од 180 земји во областа на заштитата на животната средина според Индексот за заштита на животната средина (Environmental Performance Index EPI). Потоа следуваат Луксембург, Швајцарија, Велика Британија, Франција, Австрија, Финска, Шведска, Норвешка и Германија. Овие 10 земји се покажале како најуспешни во заштитата на животната средина. Автори на истражувањето се стручњаци од престижните американски университети Yale и Columbia. Според ова истражување, Данска ја понесе титулата главно поради драстичното намалување на емисиите на јаглерод диоксид за повеќе од 50% во однос на 1996 година. За ова придонесува и големиот удел на ветерните електрани во производството на електрична енергија во оваа земја, што изнесува високи 47%.
Македонија е позиционирана на 43-тото место на оваа листа. Приитоа, во рангирањето по одделните индикатори, најлошо сме рангирани во однос на квалитетот на воздухот, дури на 145-тото место. Исто така, лош е и ранкингот во однос на застапеноста на тешките метали. Според овој индикатор сме на 95-тото место. Повеќе детали на овој ЛИНК