Данското архитектонско студио Mette Lange неодамна ја заврши изградбата на голема куќа во прекрасен шумски крајолик, која ќе се грее на геотермална енергија. За разлика од северниот застаклен дел, јужниот дел на куќата е во голема мера затворен, со исклучок на неколку големи прозорци во кујната кои овозможуваат панорамски поглед на целото подрачје. Прозорците на покривот овозможуваат дополнителен извор на природна светлина и дополнително бришење на бариерата помеѓу внатрешниот и надворешниот простор. Куќата користи геотермална енергија како главен извор на енергија за греење, но сепак располага и со две печки на дрва како резерва односно за случај на екстремно ниски температури.