Данската компанија Autofuel, развила роботски систем за полнење на гориво кој го елиминира присуството на возачот или на вработениот на бензинската пумпа. Системот се состои од роботска рака, како и апликација преку која се врши идентификација на купувачот и плаќање. Компанијата Autofuel истакнува дека процесот на полнење гориво е непроменет во последните 70 години, додека технологијата во тој период се развивала многу брзо, па денес имаме брз интернет, AI асистенти и автономни возила. Роботското полнење гориво е бизнис во развој, а само на европскиот пазар се очекува раст до 50 милијарди долари до 2028 година.
За користење на оваа услуга, корисникот треба да креира профил со цел да ги регистрира деталите за автомобилот, како што се модел, вид ан гориво, деталите за плаќање и регистарските ознаки. Но, исто така, автомобилите треба да имаат и специјален поклопец на резервоарот. Дисплеј ќе покажува инструкции за паркирање на автомобилот на адекватно место со цел да се изврши процесот ан полнење гориво. Роботската рака потоа го отвора поклопецот и ја поставува млазницата во резервоарот. на купувачот ќе му бидат прикажани информации за процесот ан полнење, како и порака на екранот кога роботот ќе го заврши процесот. Возачот ќе може да го продолжи патот откако ќе се вклучи зелено светло. Во меѓувреме се одвива и процесот на плаќање на горивото.