Насловна / Вести / Данска ќе воведе данок на патувањата со авион

Данска ќе воведе данок на патувањата со авион

Данската влада планира да воведе посебен данок за патниците во воздушниот сообраќај. Тоа во просек би требало да изнесува околу 13 евра по еден лет, а собраните средства би се користеле, меѓу останатото и за поддршка на одржливата транзиција на воздухопловната индустрија. Со тоа Данска ќе се придружи на Германија и Шведска кои веќе имаат сличен еколошки данок.

planetax1

Данскиот министер за финансии појаснува дека износот на овој данок  од 2025 година, во просек би бил 9,39 евра, а во 2030 година ќе достигне 13,31 евра. За летовите во Европа патниците ќе мораат да платата данок од околу 8 евра, а за подолги прекуокеански патувања, на пример до Њујорк околу 32 евра. Данската влада очекува дека со помош на данокот, буџетот до 2030 година ќе се надополни со нови 160 милиони евра. Средствата ќе се користат за поддршка на транзицијата кон поодржлива воздухопловна индустрија со еколошки прифатливи мотори и на помалите аеродроми за кои с еочекува највеќе да ги почувствуваат последиците од воведувањето на овој данок.

planetax2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top