Насловна / Вести / Данска ќе ги укине субвенциите за енергија од обновливи извори

Данска ќе ги укине субвенциите за енергија од обновливи извори

Danska VETERNI TURBINI

Данска ќе ги укине субвенциите за производителите на енергија од обновливи извори поради значителниот раст на оваа индустрија во последните години. Министерот за енергетика, снабдување и клима на оваа земја Lars Christian Lilleholt истакнува дека во Данска производството на електрична енергија од јаглен веќе не е поевтина варијанта од обновливците. Тоа најдобро го покажуваат компаниите како што се Vestas (најголемиот светски производител на ветерни турбини), и Dong Energy (најголемиот светски оператотр на ветерни централи). Целта на Данска е до 2050 година во целост своите потреби да ги обезбеди од обновливи извори, а 1/2 од овој таргет треба да се достигне до 2030 година. Се истакнува дека новите постројки ќе се градат без субвенции.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top