Општината Aarhus во Данска доби нова библиотека која претставува еден од најголемите проекти изведени во оваа општина. Модерната структура дизајнирана од архитектот Schmidt Hammer Lassen зафаќа површина од 30.000 метри квадратни и функционира целосно на соларна енергија. Енергетски ефикасната библиотека чијашто изработка чинеше 280 милиони евра е изградена со цел да ги задоволи барањата на енергетската класификација на Данска за 2015 година.