Насловна / Вести / Данска ги издаде првите дозволи за складирање на CO2 во геолошките понори на Северно море

Данска ги издаде првите дозволи за складирање на CO2 во геолошките понори на Северно море

Данската агенција за енергетика (DEA) му препорачала на ресорното министерство да ги додели првите три лиценци за истражување и складиштење на  CO2 под Северното море. Две дозволи се доделени на компанијата TotalEnergies, а една на конзорциумот составен од Ineos E&P и Vintershall Dea International. Доделувањето на овие лиценци за истражување на трајно складиштење на CO2 под дното на Северно море, е прво од ваков вид во Данска и клучно е за данските амбиции кон климатска неутралност. Дозволите се за поранешни полиња за експлоатација на нафта и гас и претходно неистражени аквифери. Агенцијата истакнува дека дозволите во почетокот може да се доделуваат за истражувања во веметраење до шест години, во текот на кои компанијата има ексклузивни права за даденото подрачје. Доколку се пронајде соодветна локација, дозволата може да биде продолжена до 30 години за спроведување на проектот. Дозволите се однесуваат на геолошки формации погодни да служат како трајни локации за складирање на CO2.

DenmarkCCS3

 

Притоа, зафатениот гас би можел да биде транспортиран со специјални бродови или преку постоечката или нова инфраструктура на цевководи. Складиштата на CO2 ќе се наоѓаат на длабочина од еден до два километри под морското дно.  Имено, овој гас со ефект на стаклена градина ќе биде складиран во мали џебови во слоевите од варовник, под дебелите слоеви на непропусен слој од глина. Складирањето на CO2 под морето е веќе позната технологија, која во Норвешјка е во употреба од 1996 година.

DenmarkCCS1

DenmarkCCS2

По дефиниција, зафаќањето и складирањето на јаглерод (CCS – carbon capture and storage) е збир на технолошки процеси со кои се овозможува зафаќање на емисиите на јаглерод диоксид од индустријата и сообраќајот и негово вбризгување и складирање во геолошките формации. CCS има потенцијал да овозможи понатамошна употреба на фосилни горива со истовремено намалување на нивниот јаглероден отпечаток, сметаат поддржувачите на оваа технологија. Геолошкиот завод на Данска и Гренланд (GEUS) укажал на фактот дека тлото под Данска е погодно за складирање на CO2, како на море, така и на копно. Тоа ќе и овозможи на оваа земја да служи како комерцијален центар за складирање на CO2.

 

Испрати коментар

Scroll To Top