Насловна / Вести / Данокот на CO2, неминовност и за регионот на Западен Балкан

Данокот на CO2, неминовност и за регионот на Западен Балкан

Дводневниот „Самит на енергетиката Требиње -СЕТ 2020“ под слоганот „Енергетската иднина на Западен Балкан“ се одржа во Требиње во Босна и Херцеговина на 5ти и 6ти март 2020. Покрај претставниците на енергетските компании од регионот, присуствуваше и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, кој не ги поштеди домаќините од критики за енергетските политики. „Изградбата на блок 7 во термоцентралата Тузла ќе биде економска катастрофа“ рече Копач, додавајќи дека „воведувањето на данок за емисиите на  CO2 е сосема извесно и за регионот во наредните неколку години.“ Имено, државната компанија Elektroprivreda BiH (EPBiH) веќе го гради блокот 7 на споменатата термоцентрала со моќност од  450 MW,  со кредит од 614 милиони евра од кинеската „Ексим банка“, Минатата година Секретаријатот на Енергетската заедница покрена спор против БиХ заради оваа инвестиција. Копач истакнува дека оваа инвестиција првично била планирана со вклучени трошоци за данок на CO2, но по цена од 7 евра по тон, и тоа почнувајќи од 2035 година, но веќе денес цената е 25 евра по тон.

Данокот за CO2 ќе стигне многу брзо на Западен Балкан, а тоа економски ќе го убие овој проект, вели Копач. Тој додава дека не станува збор за нова обврска која му се наметнува на регионот, туку за реалност и неминовност. Европската Комисија најави дека ќе воведе гранична такса за  CO2 (carbon border tax) за секторите во кои цената на емисиите на  CO2 има важна улога, односно е сериозен трошок. Една од причините е порастот на увоз на електрична енергија произведена од јаглен од земјите надвор од ЕУ, каде не се плаќаат емисиите на CO2.  Оваа недела се засилува политичкиот притисок врз Европаската Комисија да направи нешто по ова прашање, па затоа таа подготвува воведување на ваква гранична такса која ќе важи и за земјите од Западен Балкан.

kopac1

Енергетската заедница предлага данокот на CO2 да се воведе постепено, и сите средства добиени на тој начин да останат во земјите од регионот за да се обезбеди праведна транзиција во земјите каде енергетиката се базира на јагленот, појаснува Копач. Тој ја истакна добар пример во регионот е Црна Гора која неодамна воведе ваков данок во износ од 24 евра.

kopac2

kopac3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top