Брисел – На енергијата од обновливи извори во 2008 година отпаѓаа 10,3 проценти од вкупната потрошена енергија во рамките на Евероската унија, со што продолжува трендот на раст на нејзината примена, соопшти Агенцијата за сттистика на ЕУ – Евростат.
Според податоците на Евростат, учеството на „зелената“ енергија во рамките на вкупната енергетска потрошувачка во ЕУ во 2007 година било 9,7 отсто, а една година предходно 8,8 проценти.
Експертите предвидуваат дека до 2020 година учеството на струјата од обнивливи извори во вкупната енергија во ЕУ ќе достигне до 20 проценти.
Најголемио учество на „еколошката“ струја во вкупната потрошувачка на енергија меѓу земјите на ЕУ во 2008 година имала Шведска со 44,4 проценти, пред Финска со 30,5, Летонија со 29,9 и Австрија со 28,5 отсто.
Од друга страна, најмало учество на енергијата од обновливи извори имало на Малта од само 0,2 отсто, а по неа следат Луксембург со 2,1, Велика Британија со 2,2, Холандија со 3,2 и Белгија со 3,3 проценти.
Под поимот обновиливи извори се одразбираат изворите на енегија кои се наоѓаат во природата и кои целосно или делумно се обновуваат, како енергијата на водите, ветерот, Сонцето, биомасите и термалните извори. (МИА)