Насловна / Дневни Вести / Расправа за мал ринг

Расправа за мал ринг




mal_ring_.jpgСкопје – Општина Центар
денеска го започна јавното претставување на урбанистичкиот план за
Малиот ринг, кого Уставниот суд го укина поради прекршена процедура. Дел
од граѓаните се пожалија на малата просторија во која се врши
презентацијата и за понудените информации за проектот.




 

Сузана Вановска, една од авторите на урбанистичкиот план за Мал ринг, денеска пред граѓаните на општината изјави дека Центар не презентира нешто ново, бидејќи планот не претрпел никакви измени, туку ова се правело само за да поминат законските процедури.

 

Пред две недели кога урбанистичкиот план за Мал ринг по втор пат доби зелено светло, стана предмет на расправа меѓу советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во општината. Советниците на СДСМ велеа дека за планот не треба воопшто да се расправа бидејќи Уставниот суд го укинал. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ останаа на ставот дека со повторната расправа за Мал ринг се има за цел негово дополнување.

 

Испрати коментар

Scroll To Top