Конзорциум составен од 16 дански компании и истражувачки институти се здружија со цел намалување на цената на произведената електрична енергија од ветерните турбогенератори на цена од 70 €/MWh до 2030 година. Конзорциумот под името GROW, има намера на пазарот да донесе иновации, а составен е од: Delft Offshore Turbine, Deltares, ECN, Eneco, Lagerwey, LM Wind Power, Royal IHC, RWE, Seaway Heavy Lifting, Shell, Sif, TenneT, TNO, TU Delft, Van Oord и Volker Stevin International.
Планот што го развиваат овие компании ќе чини над 100 милиони евра, средства кои ќе се вложат во петгодишно истражување, развој и пилот проекти. Првите резултати се очекуваат оваа есен. Инаку, се работи за продолжение на проектот FLOW кој се занимаваше токму со анализа на енергијата од офшор ветерните електрани, при што е заклучено дека за 10 години е можно 40% намалување на трошоците, додека за 10-15 години овој вид електрани може да работи рентабилно без повластени тарифи.
Во Данска неодамна заврши тендерската постапка за нови офшор ветерни централи кои би требало да произведуваат електрична енергија по цена од 12,4 €/МWh, како максимална цена истакната во тендерот.