До крајот на оваа година, ќе се затвори последната ковачница на пари во Скандинавија, откако Данска реши да го следи примерот на Шведска и Норвешка. Данска одлучи да го следи трендот, па така по потреба ќе ги ангажира Финците за производство. Централната банка на Данска веќе го запре печатењето на банкноти бидејќи тие станаа бескорисни за нив.
Додека некои држави допрва го отвoраат патот кон општество без готовина, Скандинавија веќе е чекор напред.
Во Данска не се одрекуваат од готовина само поради борбата против криминалот, туку и заради комфор, додека продавниците сите до една преферираат пластика.
Тамошната влада дури им овозможува на трговците да одбијат плаќање во готово, а централната банка планира да направи и своја сопствена виртуелна валута.